23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Бебето чија рака ја собираше во прстен го прослави првиот роденден

Чудото од бебе, кое е родено толку мало што неговата рака ја собираше во прстен, го прослави својот прв роденден, пишува Мирор.

Малечката Моли Перин е родена 13 недели порано и тежела само 470 грама. Поради компликации морале веднаш да ја породат нејзината мајка Стефани со царски рез.

Стефани и нејзиниот сопруг Џејмс биле скршени од болка кога лекарите им соопштиле дека бебето не е доволно развиено и дека веројатно нема да живее повеќе од три недели.

Меѓутоа, малечката Моли ги победила сите црни прогнози и денес веќе учи да стои сама, а и гордо ги покажува своите две забчиња.

Гордите родители од Хул, велат дека се импресионирани од силата на нивното девојче.

– Неверојатно е што се помина и докажа со својата борба дека лекарите грешат. Внимаваме на Моли и благодарни сме што е со нас. Се уште многумина ја нарекуваат Чудесната Моли и таа навистина е чудесна, рекол нејзиниот татко Џејмс.

Спонзорирано: