17.8 C
Скопје
2. јули 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара граѓаните за името да се изјаснат на референдум

Одлуката околу решението на проблемот којшто Република Грција го има со нашето име не е и не може да биде екслузивна сопственост само на одредени политичари, па ниту на владејачкото мнозинство во Собранието. ВМРО ДПМНЕ ги осудува изјавите на господинот Талат Џафери и ќе се спротистави на намерите мнозинството пратеници сами да изгласаат каква било промена на името без претходно за тоа да се изјаснат граѓаните на референдум и притоа мнозинството од нив да бидат согласни со понуденото решение, стои во соопштението што го испрати опозицијата.
Оттаму велат дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот, со цел промена на уставното име на Република Македонија и нема да прифати идеи и предлози што би го загрозиле македонскиот народ и македонскиот национален идентитет, засебноста на македонската нација и на македонскиот јазик и култура.
Додаваат дека нивната партија останува посветена на процесот на интеграција во семејството во кое припаѓа политички, културно и економски.
„Членството во ЕУ и НАТО ќе значи додадена вредност како за нашата, така и за регионалната стабилност, политичко заедништво и економски развој“, порачува опозицијата.