27.8 C
Скопје
1. јули 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Култура

Вечер со поезијата на Ристо Јачев во Велешкиот театар

Во четврток, во фоајето на Театарот „Јордан Х.К-Џинот“ во Велес, со почеток во 20 часот ќе се одржи Вечер со поезијата на Ристо Јачев.
Модератор на поетската вечер ќе биде писателот и драматург Сашо Димоски, а избор од поезијата на Јачев ќе читаат актерите Талија Настова, Жарко Спасовски и Фаик Мефаилоски во музичка придружба на гитара од Сашко Костов.
Циклусот поетски вечери е нова програмска активност на Велешкиот театар за афирмација и промоција на поезијата како книжевен жанр. Во рамките на циклусот еднаш месечно ќе се одржува поетска вечер во театарот посветена на поезијата на поети по потекло од Велес. Првата поетска вечер се одржа минатиот месец а беше посветена на поезијата на акaдемик Катица Ќулафкова.
По поетската вечер на Ристо Јачев, во месец јануари предвидена е Вечер со поезијата на Павлина Климкар Меанџиева.