15.8 C
Скопје
17. септември 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Мозаик

Трикови: Откријте колку се стари јајцата кои сте ги купиле

Свежите јајца се вкусни намирници кои совршено се сложуваат со многу јадења.
Сепак, вечната дилема е – дали јајцето кое сме го купиле е навистина свежо?
Сакате да бидете сигурни? Направете три кратки тестови за кои ви требаат само неколку минути.
1. Во длабок стаклен сад или чаша наточете вода. Јајцето нежно ставете го во садот и набљудувајте што ќе се случи.
– Свежото јајце ќе потоне во целост и ќе се „залепи“ за дното.
– Малку постаро јајце со едниот дел ќе биде на дното, а со другиот ќе се подигнува кон површината.
– Јајцата кои ќе останат на површината на водата се ризични за конзумација.
2. Земете јајце во рака и држете го покрај увото. Лесно протресете го и слушајте го звукот кој доаѓа од внатрешноста на јајцето.
– Ако не слушнете никаков звук јајцето би требало да биде свежо и добро за конзумација.
– Ако од јајцето се слуша звук, тоа најверојатно е старо.
3. Подгответе јајце и голема бела чинија. Земете го јајцето, нежно скршете го на чинијата и набљудувајте го неговиот изглед.
– Ако жолчката стои цврсто и подигнато, а белката останува околу неа, јајцето е свежо.
– Ако жолчката е цврста, но малку се раширила, а белката не е целосно разлеана по чинијата, јајцето е постаро, но добро за конзумација.
– Ако жолчката е мека и веднаш се разлее по чинијата, а белката водеста и целосно разлеана, најверојатно јајцето е старо и не е добро за конзумација, пишува Healthyfoodhouse.