Младиот талент Реубен Греј, верувал дека неговиот најголем фан, неговиот татко, нема да може да присуствува на аудицијата на која настапувал.
16-годишникот бил тажен бидејќи неговиот татко цел ден имал обврски, што значело дека без негова поддршка ќе треба да настапува пред бројната публика.
„Не се чувствувам добро, бидејќи тој не е тука“, изјавил Реубен пред камерите. „Ако се помине убаво, веднаш ќе му заѕвонам.“
Неговата мајка и девојката биле тука како замена.
Со својата фантастична изведба на клавир ја воодушевил публиката. Реубен добил неизмерна поддршка од милиони ширум светот, а што е најважно го фасцинирал жирито со своите способности.