Канадскиот милијардер Бери Шерман, основач на фармацевтската компанија „Апотекс“, и неговата сопруга беа пронајдени мртви во својот дом во градот Торонто.
Претставникот на полицијата Дејвид Хопкинсон изјави дека „околностите околу смртта на милијардерот и неговата се сомнителни и во тек е истрагата за случајот“.
Компанијата на Шерман се наоѓа меѓу седумте најголеми компании во областа, со годишен приход од повеќе од 2 милијарди канадски долари.
Парот имал четири деца. Канадскиот премиер Џастин Трудо упати порака со сочувство преку социјалната мрежа „Твитер“.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...