9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Опозицијата и денеска ќе протестира пред затворот во Шуто Оризари

ВМРО-ДПМНЕ најави протести во 16 часот пред Истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари каде ќе има повеќе обраќања пред присутните.
Преку соопштение испратено до јавноста, опозицијата ги повтори своите барања за безусловно запирање на судските процеси против нивните функционери, пратеници и симпатизери осомничени за настаните во Собранието на 27-ми април и побараа итно да бидат пуштени на слобода.
„Македонија е единствената земја каде се врши политички прогон на неистомисленици и апсење на пратеници. Власта ги крши основните човекови права и монтира обвиненија за тероризам против 36 македонски патриоти само затоа што си ја сакаат државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека власта апси уметници, актери, режисери, архитекти и припадници на полицијата само затоа што не се согласуваат со политиките на Заев и СДС.
Спонзорирано: