20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Над 50 мртви при воздушни напади во Јемен

Деветмина припадници на владините сили и 42 бунтовници беа убиени во Јемен во последните 24 часа во вооружени битки и при бомбардирањето изршено од страна на арапската коалиција.
Безбедносни извори соопштија дека авиони на коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која ја поддржува владата во борба против бунтовниците Хути, бомбардирале бунтовнички позиции во неколку села оддалечени околу 70 километри од градот Ходид на Црвеното Море.
Во нападите спроведени денеска и вчера, 28 бунтовници биле убиени, додека 17 тешко повредени биле префрлени во болниците во Ходеида, јавија медицински извори.
Во средата, најмалку 30 лица загинаа во коалициските воздушни врз затвор во главниот град на Јемен, Сана.
Од друга страна, силите лојални на меѓународно признатиот претседател, Абд Рабо Мансур ел Хади, денес целосно го освоиле регионот Бихан богат со нафта, но притоа загубиле деветмина борци.
Коалицијата предводена од Саудиска Арабија од 2015 година интервенира во војната во Јемен со цел да го спречи напердокот на Хутите, кои во својот првичен налет освоија голем дел од земјата, како и главниот град Сана.
Обединетите нации Јемен го нарекоа татковина на „најлошата хуманитарна криза во светот“.
Спонзорирано: