10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Македонска делегација на погребот на романскиот крал

Денеска со највисоки државни и воени почести ќе биде погребан Кралот Михаи Први на Романија.
Од кабинетот на претседателот на Собранието информираат дека делегацијата на Република Македонија составена од претседателот на Собранието Талат Џафери и вицепремиерот Кочо Анѓушев, придружувана од амбасадорот на Република Македонија во Романија му оддадоа почит на Кралот, на мисата којашто се одржа во Кралската палата.
На мисата присуствувале високи гости од државата и странство, како и Кралот на Шведска Карл Шеснаесетти Густаф, Кралот на Шпанија Хуан Карлос Први, Принцот на Велс, Чарлс и претставници на кралските семејства од Европа.
Спонзорирано: