33.8 C
Скопје
4. јули 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Хрватска: Покрената истрага против шест офицери на поранешната ЈНА

Покрената е истрага против шесторица пензионирани офицери на поранешна ЈНА, осомничени за напад на Бански двори во 1991 година, пренесуваат хрватските медиуми.
Во истрагата опфатени се пет лица засега со непознато државјанство и еден хрватски државјанин. Сите се осомничени за обид на убиство на претставници на највисоките хрватски државни тела и за воено злосторство против цивилно население.
Неофицијално, меѓу осомничените се некогашниот генерал на поранешна ЈНА и командант на Военото воздухопловство Љубомир Бајиќ кој издал команда за напад и Слободан Јеремиќ, некогашен припадник на командата на военото воздухопловство кој го планирал нападот.
Според хрватските медиуми ниту еден од обвинетите не е достапен на хрватските власти.
На 7 октомври 1991 година авион на ЈНА го нападна објектот Бански двори во којшто беше сместена хрватската Влада. Цел на нападот беше хрватскиот претседател, во тој период, Фрањо Туѓман.