Еден младоженец настрадал на својата свадба во Индија откако еден гостин случајно го застрелал со пиштол.
Снимката која се појави на интернет прикажува како гостите играат и се забавуваат на свеченоста во Хисар, северозападно од Њу Делхи.
Во еден момент се слуша истрел и се гледа облак од чад.
Младоженецот бил застрелан во глава, по што паднал, додека гостите врескале.
Неверојатно, но младоженецот преживеал, иако неговата здравствена состојба е опишана како сериозна.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...