21.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Две мајки пријавиле дека 17 годишно момче ги силувало нивните деца

Четириесетгодишна жена од скопско село пријавила дека 17-годишник во повеќе наврати вршел полово дејствие врз нејзиниот 10-годишен син, информираат од МВР.
Во врска со истиот настан, во истата полициска станица, во 21.40 часот, четириесетиосумгодишна жена од Скопје пријавила дека истиот 17-годишник, во периодот од август до пред 10 дена, во повеќе наврати вршел полови дејствија врз нејзиниот деветгодишен син.
Според пријавителите, 17-годишникот бил нивен сосед и во наведениот период, секогаш кога ќе ги видел децата на улица, ги повикувал во подрумските простории на нивна соседка и таму ги вршел половите дејствија.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Спонзорирано: