9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заедничка седница на владите на Македонија и Албанија во Поградец

Владите на Македонија и Албанија денеска во Поградец ќе ја одржат првата заедничка меѓувладина седница.
Попладнево албанскиот премиер Еди Рама и владините претставници на  Албанија ќе организираат свечен пречек за премиерот Зоран Заев и македонската владина делегација. Потоа,  ќе се одржи меѓувладината седница на која ќе има воведни обраќања од премиерите Заев и Рама, а на крајот и церемонија на свечено потпишување документи за соработка.
„На заедничката меѓувладина седница ќе се разговара на повеќе теми за унапредување на билатералната соработка во областа на инфраструктурно поврзување, изградба на Коридорот 8, олеснување и интензивирање на размената на стоки и услуги и зајакнување на соработката во областа на безбедноста“, соопштија од Владата.
Конкретно, се наведува во соопштението, на седницата е планирано да се потпишат неколку документи за соработка, вклучувајќи план за консултации помеѓу министерствата за надворешни работи на двете држави, меморандум помеѓу министерствата за внатрешни работи за соработка во областа на внатрешна контрола, како и формирање мешовит комитет за економска соработка. Од ресорот на образование и наука ќе се потпишува и меморандум за интензивирана билатерална соработка преку Институтот за културно и духовно наследство на Албанците од Р Македонија. Дополнително ќе се потпишува меморандум за соработка во борбата против насилен екстремизам и радикализам, како и договор за соработка во спречување кризи.
Утре премиерите Заев и Рама во придружба на владини претставници ќе одат во Пустец каде што ќе се сретнат со претставници на локалната самоуправа и ќе го посетат училиштето каде што ќе донираат опрема за учениците.
Спонзорирано: