7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Шест разголени девојки од излог утревечер ќе разговараат со публиката

Шест провокативно облечени девојки утревечер од излози на булеварот Св. Климент Охридски на скопјани ќе им нудат сексуални услуги. Секоја ќе има свој излог и поинаков настап по примерот на сексуалните работнички од борделите на Улицата на црвените фенери во Амстердам. Излогот е дел од годинашното одбележување на Меѓународниот ден за борба против насилството врз сексуалните работнички.
„Публиката ќе има можност да разговара со девојките, но преку стакло. Тие ќе поставуваат прашања од типот ‘дали вакво нешто му треба на Скопје ‘ и слично, а публиката ќе одговара со гестикулации“, најави Борче Божиновски, претседател на граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на сексуалните работници „Стар-стар“.
Девојките ќе бидат во излозите на објектот до клубот „Вулкан“ од 17 до 22 часот, со пауза од 19 до 20 часот. Божиновски вели дека целта на овој перформанс е отсликување на шармот на Улицата на црвените фенери со бордели во Амстердам, со цел на јавноста да ѝ се покаже дека во Македонија има сексуални работници, но тие се скриени, стигматизирани од околината и трпат насилство што не може да го пријават.
Божиновски вели дека бројката од 3.000 до 5.000 сексуални работници во Македонија што кружи во медиумите не е точна. Тој тврди дека таа е многу поголема.
И годинава сексуалните работнички за своите права ќе се борат преку традиционалната парада на црвените чадори, која е закажана в недела на улицата Македонија. Мото на парадата е „Стоп на насилството врз сексуалните работници!“
Излозите со девојки и парадата се во организација на граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на сексуалните работници „Стар-стар“ во соработка со коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.

Спонзорирано: