Загадениот воздух во Скопје денеска беше топ тема и во комуникацијата меѓу меѓународните претставништва во Македонија.
Откако попладнево Амбасадата на САД во Македонија преку нивниот „Твитер“ профил изразија загриженост поради високото ниво на загадување на воздухот во Скопје и постави прашање „Какви предлози имате вие за почист воздух во Македонија?“, невообичано за кратко време стигна одговор од Руската амбасада која преку нивниот Твитер профил одговорија на американската амбасада со предлог за прочисување на воздухот во Скопје.
– Додека нашите пријатели од американската амбасада во Македонија бараат предлози за намалување за загаденоста, ние сакаме да предложиме решение. Турски тек, се вели во твитот на руската амбасада.
As our friends from @usembassymkd are searching for ideas for the air pollution in Macedonia we want to help with a solution. #TurkishStream pic.twitter.com/IVpN3dxSlc
— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) December 14, 2017
Инаку загадување во Скопје денеска е на највисоко ниво, а токму тоа го стави на првото место во ранг листите за најзагадени градови во светот.