Земјотрес со јачина од 6,5 степени по Рихтер бил регистриран на брегот на индонезискиот остров Јава, објави американскиот Геолошки институт.
Како што е соопштено, епицентарот се наоѓал на длабочина од 92 километра и бил на 52 километри југозападно од градот Тасикмалаи.
Во овој момент не е познато дали е издадено предупредување за цунами, ниту какви штети предизвикал земјотресот.