Петнаесетгодишно момче заедно со неговите четворица другари биле нападнати во автобус на ЈСП со број 65 кој сообраќал на релација од село Стајковци до Транспортен центар- Скопје.
Во село Сингелиќ во автобусот влегле повеќе непознати лица на возраст од 15 до 18 години, кои откако се качиле на горниот кат од автобусот најпрво физички го нападнале малолетникот, а потоа и неговите другари. Истиот се здобил со повреди и во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ му била укажана лекарска помош.
Од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...