9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шилегов ги повика граѓаните в понеделник да му дадат идеи против загадувањето

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов ги повика сите граѓани во понеделник во 12 часот да дојдат во просториите на Град Скопје и да му предложат идеи за решавање на проблемот со загадувањето.

– Апелирам до секој граѓанин кој мисли дека има одржлива идеја за решавање на проблемот за загадување да дојде во просториите на Советот на Град Скопје во 12 часот, со мене и мојот кабинет да ги сподели тие идеи. Заедно да ги разгледаме, колку се тие применливи и колку можат да придонесат за решавање на проблемот со загадувањето на воздухот – рече Шилегов.

Тој рече дека до сега имало само две пријави на телефонскиот број 193 кој вчера го отвори Град Скопје за пријавување диви погони, палење на гуми, пластика и други штетни материјали на отворено, како една од мерките за решавање на проблемот.

Првата пријава е за запален контејнер на кејот 13 Ноември, а втората во село Шишево за запалена столарска работилница./Извор: Мета.мк