13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Путин и Трамп разговараа на телефон

Претседателот на Русија, Владимир Путин и американскиот претседател, Доналд Трамп разговараа на телефон, потврди Кремљ.
Тема на разговорите била ситуацијата во врска со нуклеарната програма на Северна Кореја, како и актуелните прашања на билатералните односи. Разговорите ги иницирала американската страна, а се додава дека контактите ќе продолжат.
И Белата куќа соопшти дека Трамп и Путин разговарале на телефон, како и дека американскиот претседател му се заблагодарил на рускиот шеф на државата за тоа што на редовната конференција за новинари, го признал големиот економски успех на Америка.
Претседателите разговарале за заедничката работа на решавање на опасната ситуација во Северна Кореја, наведе „Белата куќа“.
Спонзорирано: