10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Министерот Шапуриќ во работна посета во Гевгелија

Минстерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни компании, Зоран Шапуриќ, вчера беше во посета на Општина Гевегелија, каде што оствари средба со градоначалникот Сашо Поцков.
На средбата се разговараше за проектите кои ќе ги реализира општината во наредната година, како и за поддршката на Владата за локалната самоуправа во функција на рамномерен регионален развој.
Шапуриќ ги посети и компаниите во општината Гевгелија, „ДИЕМ – ГП“ и „Випро“, каде во разговорите со менаџментот беше информиран за работењето на овие две компании, а тој ги запозна со мерките на Владата за поддршка на домашните инвестиции. При посетата на овие две компании Шапуриќ беше придружуван од Јане Станкоски, директор на Инспекторат за земјоделство.
Спонзорирано: