9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Една третина од оружјето од САД и Арабија за Сирија завршило кај ИД

Организацијата за контрола на оружјет, Си-еј-ар тврди дека оружје обезбедено од САД и Саудиска Арабија за сириската опозиција често завршувало во рацете на терористичката организација Исламска држава.
„Голем дел од оружјето на ИД е украдено од ирачката или сириската армија. Но, во рацете на ИД завршува и оружје од САД и Саудиска Арабија наменето за опозициските групи, кои се борат против претседателот Башар ал Асад“, пренесува Си-еј-ар.
Организацијата документирала најмалку 12 случаи на оружје купено од САД кое се завршило во рацете на џихадисти – освоено на бојното поле или стекнато преку разните сојузи во сириската опозиција.
Во еден од случаите борците на ИД во Ирак само за два месеца  се здобиле со противтенковска ракета, која САД ја купиле од европска земја и ја предале на сириска опозициска група.
Сето оружје е произведено во европски земји, а во повеќето случаи САД ги прекршиле договорените клаузули, забранети трансфери, предавајќи го на сириските вооружени групи.
Околу 90 проценти од оружјето и муницијата, користени од ИД во Сирија и Ирак, е произведено во Кина, Русија и источноевропски земји. Извозот на Кина и Русија е над 50 проценти, соопшти организацијата.