Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

ДОМ предложи мерки против загадувањето на воздухот

Македонија се гуши во смог со астрономски вредности и секое намалување на загадувањето значи спасено здравје и живот на граѓаните. Да не се обесхрабруваме дека не можеме да го сведеме загадувањето на нула, туку да дејствуваме за намалување на штетите со итни мерки, а паралелно со нив да ги започнеме среднорочните и долгорочните мерки, велат од Демократската обнова на Македонија.
Од таму предлагаат неколку мерки кои бараат да почнат да се спроведуваат уште денеска и тоа: воведување пар-непар режим за возилата, бесплатен јавен превоз, забрана за тешки товарни возила низ град, забрана за возила под Еуро 4 стандард, затворање на градилиштата, преполовување на производството на индустриските објекти што загадуваат, редовно собирање на отпадот и редовно миење на улиците.
Од партијата уште предлагаат и зголемени инспекциски контроли на општинските и државните инспектори за животна средина и ослободување од работа на бремените жени и лицата со респираторни и кардиоваскуларни болести.
ДОМ предлага и среднорочни мерки за период од 1 до 3 месеции тоа носење на Законот за урбано зеленило кој е во собраниска процедура, пропишување листа на дозволени горива во домаќинствата и индустријата (со забрана за нееколошки пелети со лепила), теренска контрола за почитување на листата од страна на комунални и инспектори за животна средина, субвенции за печки на пелети, сончеви панели за топла вода, изолација на домовите, субвенции за вградување плински уреди во возила што загадуваат, субвенции за хибридни и електрични возила, зголемување на возниот парк во јавниот превоз со електрични автобуси
и набавка на опрема за уништување на медицински и друг биолошки отпад во Дрисла(што е обврска на концесионерот).

Можеби ќе ве интересира…

Колку мандарини можете да јадете дневно без да го загрозите вашето здравје?

Мандарините се богати со многу витамини, ја поттикнуваат работата на мозокот и се препознаваат по пријатниот мирис и вкус. Сепак, како и со се, мора да бидеме внимателни со нив… Прочитај повеќе

Вкусно и едноставно јадење: Телешки гулаш

Телешкиот гулаш е јадење на кое ретко кој може да одолее. Вкусно и фино јадење со ориз, тестенини или компири е совршениот ручек. Состојки за четири лица: 1 кг телешко… Прочитај повеќе

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на… Повеќе

Преку одржливо и органско производство на грозје и вино до зајакната позиција на македонската винска индустрија

Зајакнување на позициите на пазарите, градење препознатлив бренд со географска индикација и успешна трансформација кон органско производство се основите за успех на македонската винска индустрија. Ова се современите трендови во… Повеќе