Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Заев: Ги разгледуваме можностите за трајно и системско решение на проблемите во Македонски железници

Низ взаемен дијалог меѓу Владата, синдикалните организации и менаџментот на Македонски железници ќе се разгледуваат можностите и ќе се носат одлуки за трајно и системско решение на проблемите во Македонски железници, порача премиерот Зоран Заев на денешната средба со претствниците на Синдикалната организација на вработените на подружница влеча на возови во МЖ Транспорт, предводени од претседателот на синдикатот, Ѓоко Илиевски.
На средбата се разговараше за наталожените проблеми со кои се соочува ова претпријатие, за условите за работа во кои работат работниците, како и за новите перспективи кои се отвораат за железничкиот сообраќај во Република Македонија со зголемениот интерес за изградба и комплетирање на коридорите 8 и 10.
Во таа насока, премиерот Заев посочи дека Владата на Република Македонија има системска определба во изнаоѓање на трајно решение на проблемите во Македонски железници. Тој оцени дека изнаоѓање на решение е важно од причини што се отвораат економските перспективи за железничкиот сообраќај со комплетирањето на Коридорите 8 и 10, со што се отвораат можности Македонија да стане транспортен јазол на Балканот и во железничкиот и во патниот сообраќај.

Можеби ќе ве интересира…

Колку мандарини можете да јадете дневно без да го загрозите вашето здравје?

Мандарините се богати со многу витамини, ја поттикнуваат работата на мозокот и се препознаваат по пријатниот мирис и вкус. Сепак, како и со се, мора да бидеме внимателни со нив… Прочитај повеќе

Вкусно и едноставно јадење: Телешки гулаш

Телешкиот гулаш е јадење на кое ретко кој може да одолее. Вкусно и фино јадење со ориз, тестенини или компири е совршениот ручек. Состојки за четири лица: 1 кг телешко… Прочитај повеќе

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на… Повеќе

Преку одржливо и органско производство на грозје и вино до зајакната позиција на македонската винска индустрија

Зајакнување на позициите на пазарите, градење препознатлив бренд со географска индикација и успешна трансформација кон органско производство се основите за успех на македонската винска индустрија. Ова се современите трендови во… Повеќе