3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Судовите не судат по закон туку по диктат на хунтата

Одлуките на Апелација со кои се потврдуваат притворите на десетината затворени македонски патриоти се класичен пример за политички прогон преку монтирани судски случаи, реагираат од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ и воедно најавуваат дека денеска во 18 часот ќе организираат протест пред Министерството за правда, на улицата Димитрија Чуповски, каде што ќе има повеќе обраќања пред присутните.
„Апелацискиот суд е под страшен притисок и не ја дели правдата врз база на аргументи. Сопругата на Игор Милев, членот на ДИК од СДС, побара да се изземе од советот кој одлучува по барањето на СДС правосудите органи да се прават слепи на тоа што го виде целата јавност, како Заев бара поткуп од едно евро за Вицето и едно за црквата. Со тоа, сопругата на Милев призна дека е во Апелација само за да ги застапува интерсите на СДС и да му овозможи на лидерот на нејзиниот сопруг уште едно одлагање“, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека судовите не судат по закон туку по диктат на хунтата.
„Обвинителството во 21 век применува комунистички методи на притисок врз лицата за отстрел на властите, а сите институции кои треба да ја гарантираат правичноста и законитоста на постапките се само нем сведок на политичкиот прогон. Република Македонија е заробена држава. Државата е киднапирана од врхушката на власт. Граѓаните се во грч и неизвесност. Секојдневно се врши притисок и на удар е секој кој си ја сака државата“, стои во соопштението.
Од партијата бараат реакција и од меѓународните организации, кои, како што велат, не смеат да останат нем набљудувач на уништувањето на цела една држава и нејзиниот правен систем од страна на хунтата на Заев.
Притоа од ВМРО-ДПМНЕ бараат: безусловно запирање на сите процеси на политичкиот прогон, стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС и итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој, како што велат, класичен политички прогон.
Спонзорирано: