23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Скопје како од хорор филмовите – магла и смог го прекрија главниот град

Загадувањето на воздухот во Скопје денеска речиси во сите населби е на многу високо ниво. Концентрацијата на штетните ПМ10 честичките во одделни скопски општини е 6 пати над дозволениот праг од 50 мигрограми на еден кубен метар воздух.
Според последните мерења најзагадено е во Лисиче – 331 ПМ10 честички на кубен метар воздух, потоа во Карпош (293), Центар (255) и Гази Баба (250).
Според извештајот на Министерството за животна средина, и вчера состојбата со загадувањето на воздухот била алармантна.
„Податоците за среднодневните концентрации на суспендирани честички со димензија до 10 микрометри се над рамките на граничната вредност на мерните места места Кичево, Кочани, Куманово, Миладиновци, Лисиче, Гази Баба, Центар, Карпош, Велес 2, Битола 2, Ректорат и Кавадарци“, се наведува во извештајот за вчерашниот ден.
Што се суспендирани честички со големина помала од 10 микрометри (PM10)?
Малите вдишливи честички може да бидат едни од најштетните загадувачки супстанции во воздухот. Суспендираните честички со дијаметар помал од 10 микрометри (PM10) може да продрат длабоко во респираторниот систем на луѓето. Штетните честички се емитуваат во атмосферата од голем број извори, како на пример издувниот систем на возилата, греењето во домаќинствата, индустриските процеси, електраните, согорувањето на земјоделскиот отпад, согорувањето на отпад од дивите депонии и дворовите и шумските пожари. Емитираните честички, исто така, со помош на хоризонталните воздушни струења може да се пренесат стотици километри од изворите на емисија.
Спонзорирано: