11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Си нашол млада девојка и се развел од сопругата: По некое време доживеал вистинско изненадување!

Брачен пар од Амстердам бил во фаза на развод кога жената добила 2,1 милиони евра на лото. Сопругот кој се разведувал поради помлада девојка на суд барал дел од парите, но не добил ништо!
Според неверниот сопруг, во текот на бракот тој и сопругата уплатувале лото со заеднички пари, па тоа бил неговиот аргумент да добие дел од лото добивката.
Судијата одговорил дека имал увид на фактот дека холандскиот пар ги поделил заедничките финансии најмалку четири години порано, зашто отишол да живее со новата партнерка. Неговата тогашна сопруга, истакнал судијата, лотото го уплатила со пари од сопствената банкарска сметка, поради што добивката не е заедничка.
Холаѓанката  2,11 милион евра на лотаријата ја освоила 1.јануари 2015 година.
Спонзорирано: