17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Се укинува забраната за пушење

Комисијата за здравство денеска ќе расправа за предлог-законот за изменување на Законот за заштита од пушењето, кој до Собранието го поднесе пратеникот Томислав Тунтеев од СДСМ.
Во поднесениот предлог се наведува дека со измените и дополнувањата на текстот на Законот од 2008 година наваму воведувани се построги правила на заштитата од пушењето кои, особено во делот на заштитата од пушењето во угостителските објекти, се преограничувачки и за вршителите на угостителската дејност и за корисниците на угостителските услуги и за самите пушачи.
„Актуелните законски решенија ја влошија економската состојба во Република Македонија со тоа што поради драстично намалената посетеност на кафеаните, кафетериите, ноќните барови, кафе-баровите, кабареата, дискоклубовите, пивниците и коцкарниците, сопствениците беа принудени да отпуштат дел од постојано вработениот персонал со што се зголеми и бројот на невработени, што е во спротивност со владините кампањи за отворање нови работни места. Угостителскиот сектор доживува драстичен пад на прометот (околу 75%) особено за време на периодите кога временските услови не се поволни за работа (зима, доцна есен и рана пролет), период во кој угостителите се дополнително оптоварени со зголемени режиски трошоци (струја, греење и сл.)“, стои во документот.
Угостителите, се наведува во предлогот, се принудени нивните гости кои сакаат да запалат цигара или да ги одвратат од намерата да бидат нивни гости или, пак, да ги упатат гостите надвор од деловниот објект, вклучително и надвор од терасите и летните бавчи, што е мошне неприкладно, недолично и непродуктивно.
„Контрадикторноста на Законот ја гледаме во тоа што истото дејствие, т.е. запалена цигара надвор од деловниот објект (на тераса, летна бавча и слично) ако се временските услови погодни и преградите подигнати или отстранети, не подлежи на санкција, додека во спротивно подлежи на санкција, која патем е огромна. Тоа угостителите ги става во директна зависност од метеоролошките услови, што е прилично неблагодарна ситуација“, стои во предлогот.
Спонзорирано: