5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Се огласи Никола Груевски на “Фејсбук” – експремиерот реагира на шпекулациите во јавноста

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, преку социјалните мрежи испрати порака до кандидатите за иден претседател на партијата кој ќе се избира следниот викенд на вонреден Конгрес. Тој нагласува дека не овластил никого од кандидатите да се повикува на негова наводна ексклузивна поддршка.
„Сакам да нагласам дека доколку кој било го злоупотребува моето име како долгогодишен претседател на партијата, во контекст на собирањето потписи за поддршка и во контекст на гласањето, треба да се знае дека станува збор за лажно преставување и информирање, и доколку тоа е пресудно при носењето одлука за поддршка, треба да се одбие давањето подршка или глас. Никого од кандидатите не сум овластил да се повикува на моја наводна експлузивна поддршка, заради собирање потписи за подршка или гласање. Ниту еден мој соработник, пријател, роднина, колега или било кој сопартиец“, вели Груевски.
Тој додава дека кандидатите не смеат да се делат според сегашниот нивни статус и функција во партијата, а оние кандидати кои во моментот се на повисоки партиски функции, не смеат да ја злоупотребуваат партиската инфраструктура, логистика, функционерите кои хиреархиски им се подредени и воопшто не смеат да ја користат моменталната партиска функција.
Груевски апелира до кандидатите за претседател на партијата во процесот на собирање потписи да не користат никакви форми на притисок, заплашување, закани, уцени, измами, изнудување или било која друга нечесна и нерегуларна форма и начин при собирањето на потписите.
Спонзорирано: