12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Објавен конкурс за избор на роман на годината на Фондацијата „Славко Јаневски“

Фондацијата за унапредување и промоција на културата „Славко Јаневски“ распиша конкурс за доделување на наградата „Роман на годината за 2017 година“.
Фондацијата „Славко Јаневски“ доделува единствена годишна награда „Роман на годината“, за која можат да конкурираат сите романи објавени во текот на 2017 година. Наградата се доделува на предлог на петчлено жири, составено од реномирани книжевни дејци и еден претставник од Фондацијата.
Предлагачите се должни најдоцна до 15 јануари 2018 година да достават до Фондацијата по 5 примероци од предложените книги, кои не се враќаат. Пожелно е и доставување на романот во електронска верзија на адресата romannagodinata@gmail.com.
Добитникот на наградата ќе биде објавен најдоцна до 15 март 2018 година, а се состои од плакета и паричен износ од 150.000 денари.
Книгите се доставуваат на адреса Читална „Славко Јаневски“, ул. Димитрија Чуповски бр.21, 1000 Скопје. Конкурсот е активен од денеска до 15 јануари, следната година.
Спонзорирано: