12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ново судење за „Труст“, ќе биде сослушан вториот вештак

Рочиштето за предметот „Труст“, во кој првообвинет е бизнисменот и сопственик на телевизијата „Нова“, Сеад Кочан, ќе продолжи денеска во кривичниот суд, со сослушување на вешто лице предложено од Специјалното јавно обвинителство.
На минатото рочиште исказ даде вештак од областа на машинството кој изјави дека со писмен поднесок побарал да направи увид во постројките во „Трансмет“, но не му дозволиле. Затоа вештакот го известил СЈО дека вештачењето ќе биде извршено без увид, туку само преку документацијата.
Освен Кочан, во предметот се обвинети и Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ. Според обвинението, тие со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.
Спонзорирано: