12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Намалена видливост на патниот правец Скопје – Катланово

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Поради појава на магла, видливоста на патниот правец Скопје – Катланово е намалена на 50 – 100 метри.
Од АМСМ ги потсетуваат возачите дека од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување  зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2018 година.
Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сообраќајот, сепак, се пренасочува преку градот Битола. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.
Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација, соопштуваат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Спонзорирано: