1.8 C
Скопје
11. декември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Министерството за економија излезе со соопштение – еве што ќе се случува со евтината тарифа

Во врска со информациите дека со предлог законот за енергетика евтината тарифа за граѓаните ќе биде укината, Министерството за економија како предлагач на законот ја информира јавноста дека со новото законско решение нема да се укине евтината тарифа, туку таа е гарантирана како минимум услов во процесот на либерализација на пазарот на електрична енергија, a формата ќе зависи од понудата на снабдувачот кој граѓаните ќе го изберат на слободниот пазар.

Интегрален текст од соопштението на Министерството за економија

Имено, со либерализацијата на пазарот се зголемува конкурентноста и квалитетот на услугите, а европската пракса покажа дека кога има конкуренција на пазарот се нудат и дополнителни поволности за граѓаните од страна на снабдувачите.

За крајна заштита на граѓаните со новиот предлог закон за енергетика ќе биде воведен и т.н. универзален снабдувач, кој ќе треба по најниски цени да обезбеди квалитетна услуга на корисниците, вклучувајќи ја и евтината тарифа.

Новиот предлог закон за енергетика нуди европски решенија во интерес на граѓаните, со цел сигурно, безбедно и квалитетно снабдување со енергија. Со него домашното законодавство во целост се усогласува со ЕУ законодавството во енергетскиот сектор – Третиот пакет на енергетски мерки, согласно обврските и правилата преземени по договорот со Енергетската заедница.