10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Масовна депортација на албански државјани од земјите на ЕУ

Преку аеродромот кај Ринаси во Тирана од земјите на ЕУ во Албанија вчера и денеска се депортирани 160 албански државјани кои го злоупотребиле барањето  азил. Албанските власти соопштија дека со посебни авиони во Албанија се вратени 69 албански државјани од Германија, 60 од Англија и 31 од Франција.
Албанската полиција информираше дека само во текот на последните три месеци во Албанија биле депортирани 2559 државјани на Албанија од земјите на ЕУ, од кои 1063 поради злоупотреба на барањето  азил, додека, пак, 1496 се депортирани поради непочитување на рокот за престој во земјите на Шенген.
Албанската влада постојано апелира да не се злоупотребува барањето азил во земјите на ЕУ бидејќи државјаните на Албанија немаат право тоа да го добијат и треба при патување во земјите на ЕУ да ги почитуваат правилата за престој во шенген зоната. Албанските медиуми нагласуваат дека и покрај депорацијата на оние кои не ги почитуваат правилата за престој во земјите на ЕУ, голем е бројот на албански државијани кои и понатаму патуваат во овие земји со намера таму да добијат престој и работа.
Спонзорирано: