Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Лекари без граници: Најмалку 6.700 Рохинги се убиени во Мјанмар

Меѓународната хуманитарна организација Лекари без граници објави извештај во кој се наведува дека најмалку 6.700 Рохинги муслимани загинале меѓу август и септември, по избувнувањето на насилствата во Мјанмар. Организацијата нагласува дека извештајот е направен врз основа на податоци собрание во бегалските кампови во Бангладеш. Околу 630.000 пребегале во Бангладеш за да го избегнат тоа што Обединетите нации го нарекоа етничко чистење.
Се проценува дека најмалку 9.000 Рохинги загинале во мјанмарската држава Рохине во периодот меѓу 25 август и 24 септември. Бројот на загинати објавен од организацијата е поголем од оној кој го објави мјанмарската влада, а кој изнесуваше 400. Организацијата исткна дека меѓу загинатите се и 730 деца, помлади од пет години, како и дека нивниот извештај претставува најјасна ознака за проширено насилство на властите на Мјанмар, пренесува БиБиСи.
Во извештајот се наведува дека меѓу децата помлади од пет години, повеќе од 59 отсто се убиени од огнено оружје, 15 проценти се запалени во нивните домови, седум отсто претепани до смрт, а 2 отсто се жртви на експлозија од нагазни мини.
Министерството за информации на Мјанмар соопшти дека меѓу 400-те жртви, повеќето се екстремни терористи кои се убиени за време на воената операција на чистење.

Можеби ќе ве интересира…

Колку мандарини можете да јадете дневно без да го загрозите вашето здравје?

Мандарините се богати со многу витамини, ја поттикнуваат работата на мозокот и се препознаваат по пријатниот мирис и вкус. Сепак, како и со се, мора да бидеме внимателни со нив… Прочитај повеќе

Вкусно и едноставно јадење: Телешки гулаш

Телешкиот гулаш е јадење на кое ретко кој може да одолее. Вкусно и фино јадење со ориз, тестенини или компири е совршениот ручек. Состојки за четири лица: 1 кг телешко… Прочитај повеќе

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на… Повеќе

Преку одржливо и органско производство на грозје и вино до зајакната позиција на македонската винска индустрија

Зајакнување на позициите на пазарите, градење препознатлив бренд со географска индикација и успешна трансформација кон органско производство се основите за успех на македонската винска индустрија. Ова се современите трендови во… Повеќе