33.8 C
Скопје
28. јуни 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Комора на извршители: Со граѓанската иницијатива „Стоп извршители“ ни се нарушува честа и угледот

Во врска со иницијативите за собирање потписи „Стоп извршители“, а заради измена на Законот за извршување и замрзнување на сите извршни одлуки врз физичките лица, како и за ревизија на работата на извршителите, Комората на извршители на Македонија (КИРМ) реагира на начинот на кој, како што велат, се води непримерна хајка против нивната професија.
– Цениме дека со Граѓанската иницијатива „Стоп извршители“ зад која застанаа: Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, Здружението „Но пасеран“ и „Гласен текстилец“- се нарушува честа и угледот не само на извршителите и на Комората туку и  се поттикнува граѓанска непослушност и непочитување на постоечкиот правен систем во Република Македонија. Ваква  иницијатива може да доведе само до негативни последици за сите граѓани, доверители, како  и  до дисбаланс на општествено-економскиот систем во Република Македонија. Иницијативата претставува навреда и  неправда за сите оние граѓани кои уредно и навремено ги плаќаат долговите, а посебно за граѓаните од ранливите категории, кои ги почитуваат законите“, вели претседателот на Комората, Зоран Димов.
Тој додава дека не треба да се заборави дека ниту извршителите, ниту граѓаните можат да бидат над законот. Исто така, вели Димов, извршителите не носат извршни исправи туку само ги спроведуваат и реализираат.
„Јавноста треба да биде запозната дека тарифата на извршителите споредена со  тарифите на судовите, нотарите, адвокатите, проценителите е најниска не само во Република Македонија туку и во регионот. Потсетуваме дека извршните трошоци не се само трошоци на извршителите туку во нив речии секогаш има предвидени и изразени и трошоци на адвокат, проценител, судски трошоци, нотарски трошоци и претходните трошоци направени во постапката, како и други реални трошоци од други субјекти, а врз основа на доставени фактури во текот на извршувањето“, вели Димов.