15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Изложба на уметникот Андреј Миневски „Секвенци од создавање“ во Прилеп

Во НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп утре, 15 декември, со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Секвенци од создавање“ од Андреј Миневски.
Андреј Миневски е роден на 26.04.1992 година во Скопје. Средно училиште завршува во училиште за уметност „Лазар Личеноски“ во Скопје, Република Македонија. Од тогаш активно се занимава со скулптура. Своето образование го продолжува на Универзитетот „Кирил и Методиј“, на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, на отсекот вајарство во класата на професорот Исмет Рамиќевиќ и дипломира во 2014 година.
Скулптурите кои ги работи се направени од различни материјали како дрво, пластика, цемент, метал и друго. Сепак, металот е материјал во кој го гледа сопствениот уметнички израз и креативност.
До сега учествувал на повеќе изложби и ликовни колонии.
Спонзорирано: