10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Исламска држава им се закани на САД поради Ерусалим

Во знак на одмазда поради одлуката на мериканскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел, Исламска држава се закани со напади на територијата на САД. Заканата се појави денеска на апликација за размена на пораки „Телеграм“, под наслов „Чекајте не“ и „Исламска држава на Менхетен“ пренесе Ројтерс.
Исламска држава порача дека ќе изведе операција, а објави и фотографии од Тајмс сквер во Њујорк и нешто што личи на елек со експлозив и детонатор.
„Ќе извршиме повеќе операции во вашата земја, до последен час и ќе ве запалиме во пламенот на војната која вие ја започнавте во Ирак, Јемен, Либија, Сирија и Авганистан. Ќе видите. Вашето куче Трамп го призна Ерусалим за главен град на Израел, поради што ќе го признаеме експлозивот за престолнина на вашата земја“ се наведува во пораката на ИД.
Спонзорирано: