19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Фото – Уште една тура нови возила за македонската полиција, еве како ќе изгледаат

Амбасадорот на Република Чешка Н.Е. Мирослав Томан денеска на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски му ја предаде донацијата од 45 возила од марката „Шкода“ во вредност од околу милион евра.  Министерот Спасовски му се заблагодари на амбасадорот Томан и на Владата на Република Чешка за помошта што македонската полиција ја доби од оваа пријателска земја по избувнувањето на мигрантската криза.
https://www.youtube.com/watch?v=KS3fg_lLcQc
-Република Чешка особено во време на мигрантската криза даде извонреден придонес за зајакнување на капацитетите на македонската полиција. Нивната финансиска и материјално-техничка помош веќе надминува два милиони евра. Со оваа донација набавени се возила кои ќе служат и за граничната полиција, но и за полициските станици кои се во граничните подрачја, се со цел да може да ја зголемиме ефикасноста на полицијата, а со тоа и безбедноста на граѓаните- рече министерот Спасовски.
Амбасадорот Томан истакна дека Република Чешка со задоволство и помага на македонската полиција и дека тоа ќе го прави и во иднина.
Спонзорирано: