3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ЕП го поддржа влезот на Хрватска во шенген зоната

Европскиот парламент на пленарна седница во Стразбур го поддржа влезот на Хрватска во шенген зоната. Според очекувањата на хрватските европратеници, тоа би можело да се случи веќе во 2019 година, пренесуваат хрватските медиуми.
Основниот став на предлагачот на оваа голема промена во ситемот за влез и излез во ЕУ, е тоа што во Унијата не треба да има држави од втор ред, поради што се предлага проширување на шенгенската зона на Бугарија, Романија и Хрвстака, објави „Јутарни лист“.
Од Хрватска сега се очекува до крајот на следната година да ги исполни сите критериуми за пристапување кон шенгенската зона, а на Советот останува да уважи се што е направено. „Јутарни лист“ наведува дека влезот во шенгенската зона е политичка одлука за која е потребна едногласна одлука на Европскиот совет.
Тоа тело на ЕУ порача дека процесот на евалуација на Хрватска и натаму е во тек и дека се решаваат одредени недостатоци, но дека преостанало многу малку прашања за кои се очекува предлог од Европската комисија во блиска иднина, пренесува „Јутарни лист“.