Во Албанија последните години има рапидно зголемување на сејменото насилство, особено врз жените. Во текот на оваа година најмалку 10 жени се убиени во сејмено насилство, соопштија албанските институции.
Албанскиот парламент со посебна резолуција побара од Владата да преземе итни мерки за надминување на проблемите со семејното насилство. Албанските медиуми пренесуваат дека и покрај тоа што бројката на жени кои настрадале оваа година е нешто помала од минатата година, сепак, состојбата е алармантна.
Албанската полиција соопшти дека секој ден по најмалку двајца мажи се притвораат поради насилство врз жените. Според истиот извор, 90 отсто од жртвите во сејменото насилство се жени.
Амбасадорката на ЕУ во Тирана, Романа Влахутин, на средба со невладиниот сектор изрази загриженост за зголемувањето на семејното насилство и ја поддржа резолуцијата на Собранието за преземање итни мерки.
Според официјалните информации, Албанија има 2,9 милиони жители од кои половината се припаднички на понежниот пол.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...