Најмалку 15 полицајци загинаа при самоубиствен бомбашки напад во полициски камп за обука во Могадишу, главниот град на Сомалија.
Напаѓачот бил облечен како полицаец и на себе носел експлозив.
Во нападот се повредени околу 17 полицајци, изјави портпаролот на тамошната полиција Абдулахи Нур.
Одговорноста за нападот ја презема екстремистичката група „Ал Шабаб“, која тврди дека повредени и убиени биле многу повеќе лица.