13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Се пробудил во мртовечница неколку минути пред обдукцијата!

Еден пациент се пробудил во мртовечница неколку минути пред почетокот на обдукцијата откако главниот лекар по грешка го прогласил за мртов.
Имено, 45-годишникот бил најден без свест на автобуска станица во Мумбаи.
Полицијата го однела во болница каде бил прогласен за мртов.
Главниот лекар наводно на медицинксиот персонал му рекол телото да го однесат во мртовечница.
Така работниците во мртовечницата останале зачудени кога забележале дека стомакот на „мртовецот“ се придвижува горе-долу.
Мажот се пробудил среде хаосот кога персоналот побрзал да го извести лекарот за будењето.
Неименуваниот пациент моментално се наоѓа во болница каде се лечи од инфекција на увото.
Спонзорирано: