10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ова се новите возила на македонската полиција (Фото)

Македонската полиција денеска доби квалитетна опрема со која ги зголеми своите капацитети, а со тоа и безбедноста на границите на Република Македонија, рече министерот Оливер Спасовски на денешното доделување на донацијата од Европската унија за Министерството за внатрешни работи на граничниот премин Богородица.

Интегрален текст од соопштението на МВР

Донацијата вредна 3.742.000 евра се состои во осум комбиња, осум патнички возила, осум четирицикли и пет специјални возила за надзор на границата со термални камери, од кои едно опремено и со радар, 100 рачни радио терминали и програмски алатки за утврдување параметар на радио терминали, 250 рачни СТОП ПОЛИЦИЈА палици со лед светла, четири детектори за срцево отчукување, четири рачни скрининг системи за карго товар и проверка на возила, шест системи за проверка на валидност на документи – ВИСПЕК, комуникациска мрежа, како и локално распоредлив координативен комуникациски центар, мобилен систем за надгледување со ЕО-ИР камери и радар.

-Сакам да го изразам моето задоволство што денеска можеме да ја промовираме оваа опрема што е исклучително значајна за безбедноста на границата, а со тоа и за граѓаните на Република Македонија. Оваа вредна донација уште еднаш го покажува партнерството меѓу Република Македонија, Европската унија и Меѓународната организација за миграции- рече министерот Спасовски.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар рече дека самиот слоган „ЕУ за тебе“ значи дека Европската унија е тука за да и помогне на нашата земја да се справува со предизвиците.

-Со оваа донација, полицијата ќе биде поподготвена да се справува со предизвиците со кои се соочува на границата. Европската унија останува посветена на давањето поддршка за да може полесно да се справите со овие предизвици“, рече амбасадорот Жбогар.

Министерот Спасовски и амбасадорот Жбогар во седиштето на општина Гевгелија имаа и средба со градоначалникот Сашо Поцков.

Министерот Спасовски ја посети и полициската станица во Гевгелија, каде беше информиран дека безбедносната состојба во општината е на задоволително ниво, а беше запознаен и со условите и проблемите со кои се соочуваат полицајците при извршувањето на нивните задачи.

На следниот ЛИНК погледнете ја галеријата од новата опрема.

Спонзорирано: