8.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Браво мајссторе: Погледнете зошто овој возач на камион за малку ќе предизвикал судир

На интернет често може да се најдат видеа во кои возачи на камиони изведуваат разни маневри загрозувајќи го својот живот и животите на останатите учесници во сообраќајот.

 

Сепак, понекогаш може да се најде оправдание за ризикот. Снимка од еден таков настан доаѓа од Белорусија.

Возач на камион прво остро закочил за да не го удри автомобилот пред себе, а потоа „пресекол“ две траки и чудесно задржал контрола над своето возило.

А целиот „хаос“ настанал затоа што камионџијата и возачите на автомобили одлучиле да избегнат патка и пајчиња кои одеднаш се нашле на патот.

Маневрот успеал, избегнат бил судир, а пајчињата успеале да ја преминат улицата и да стигнат до локалниот забавен парк од другата страна.

Спонзорирано: