15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Тероризмот не познава религии, иднината е во регионална заедничка стратегија за борба против насилните закани

Радикализацијата и насилниот екстремизам, кои водат кон тероризам, се врвни безбедносни приоритети на Република Македонија, нагласи премиерот Зоран Заев на состанокот со членовите на Комитетот, кој е формиран како важна одредба од планот 3-6-9 за зајакнување на институционалната структура за борба со овие безбедносни предизвици. Тој порача дека многу е важна соработката со земјите во регионот.

„Концептот на едно општество за сите испраќа порака дека се почитуваат сите религии и етнички заедници и како Влада поддржуваме регионален пристап и координација во борбата против тероризмот и насилниот екстремизам“, нагласи премиерот Заев.

На средбата беше оценета важноста на заложбите за донесувањето и имплементирањето на двете национални стратегии за борба против тероризмот и за сузбивање на радикализацијата и насилниот екстремизам со придружни акциски планови, кои имаат цел да развијат ефикасни и функционални механизми за справување со актуелните закани и ризици.

„Превенцијата и сузбивањето на облиците на овие закани подразбира координирана акција и заедничка стратегија со стратешките партнери на Република Македонија, САД, земјите на ЕУ, како и нашите соседи, рече Заев.

Членовите на Комитетот го запознаа премиерот Заев со тековните и планираните активности со цел да се подигне свеста кај граѓаните на Република Македонија за имплементирање на пораката за поефикасно справување и превенција од насилниот екстремизам и тероризам.

Истовремено, беше укажана потребата од вклучување и координација на одредени институции и локалната самоуправа со цел истата порака да биде пренесена до поголем број фактори во општеството. Се разговараше и за меморандум за соработка на ова поле со Албанија, кој ќе биде потпишан на претстојната заедничка седница на владите на Македонија и Албанија, која ќе се одржи на 15 декември во Подградец.

Спонзорирано: