21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Заев предлага заеднички компании со Косово за струјата, железницата и авиосообраќајот

Македонскиот премиер Зоран Заев на денешната средба во Приштина со бизнисмените од Косово, потсетил дека Македонија и Косово покренале иницијатива за формирање на заедничка економска зона, царинска унија и олеснување на граничните процедури и порачал дека двете земји имаат заеднички интерес за формирање заеднички компании и оператори за менаџирање на енергетската мрежа, железничкиот и авио-сообраќајот, се вели во официјалното соопштение од македонската влада.

Заев рекол и дека двете влади треба да изградат заеднички царински терминал со кој царинската постапка би се поедноставила и повикал на зголемување на трговската размена.

– Искрено ги повикуваме сите да го инвестираат својот капитал во Македонија, за што ќе добијат еднакви шанси и можности од државата. Косово е еден од најзначајните трговски партнери на Македонија, трговската размена се одвива слободно, без царини и во истата Македонија остварува суфицит – рекол Заев.

Заев рекол дека се настојува да се следи динамиката на работите од косовска страна за автопатот Скопје – Приштина, кој беше предложен пред повеќе од една деценија, а чиј прв дел, од Приштина до Урошевац беше пуштен во употреба на самиот крај на минатата година, а на македонска страна не е направено ништо.

– Се надеваме наскоро да го завршиме автопатот Скопје – Приштина. Настојуваме делницата Скопје – Блаце, во должина од 12,5 км, да ја следи динамиката на работите на делницата од Приштина до границата. Новиот автопат ќе ја олесни комуникацијата меѓу Скопје и Приштина, ќе го зголеми транспортот и трговијата, и ќе ја унапреди економската соработка – рекол Заев./Извор: Мета.мк

Спонзорирано: