27.8 C
Скопје
1. јули 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Заев ја почна посетата на Косово

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај со највисоки државни почести го дочека премиерот Зоран Заев, кој пристигна во прва официјална посета на Косово.

Во рамки на посетата предвидени се неколку билатерални средби меѓу владините делегации на Македонија и на Косово, а првата тет-а-тет средба премиерот ќе ја оствари со својот косовски колега, Рамуш Харадинај, по што е предвидена заедничка прес-конференција.

Заев ќе се сретне и со претседателот на Собранието, Кадри Весели, како и со косовскиот претседател Хашим Тачи.

Во рамки на еднодневната посета, предвидени се и средби со македонско-косовската бизнис-заедница, како и со фирми од Македонија и од Косово.

Заев ја предводи владината делегација на Република Македонија којашто ја сочинуваат: министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, министерот за култура Роберт Алаѓозовски, како и министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми.