11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во Македонија се одвивал вистински хорор: Мајка ја присилувала малолетната ќерка да спие со нејзиниот љубовник

Полициската станица Дебар поднесе кривична пријава против Б.Б. (60) поради „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“. Во кривичната пријава е опфатена и А.К. (37) од Дебар, мајка на злоупотребеното девојче, којашто ќе одговара за „задоволување на полови страсти пред друг“ и „запуштање и малтретирање дете“.

Б.Б. во неколку наврати сексуално, со допирање ја злоупотребил малолетната ќерка на неговата пријателка А.К.. Таа, по барање на љубовникот ја присилувала ќерка си на полови дејствија со него, но и самата вршела полови дејствија во присуство на малолетната ќерка. Малолетничката за таквите постапки го известила и побарала помош од својот татко. Со девојчето бил извршен разговор во присуство на стручни лица од Меѓуопштински центар за социјални работи Дебар. Притоа била донесена одлука да се отстрани А.К. од семејството и да се преземат дополнителни мерки заради заштита на малолетно лице.

Спонзорирано: