20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ и денеска со блокади ќе бара слобода за притворените

Власта во монтиран случај обвинува десетици македонски патриоти за измислено дело тероризам, реагираат со соопштение од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

„Монтираниот политички прогон има за цел да влее страв кај секој еден Македонец кој си ја сака сопствената држава. Хунтата на Заев монтира случаи по примерот на бившиот комунистички режим, без никакви докази и со целосно конструирани тези. Невини луѓе лежат во притвор само затоа што си ја сакале државата, а вистински криминалци се амнестираат, се пуштаат на слобода и им се повторуваат постапките, и сето тоа под палката на партиското судство“, стои во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, судството, како и другите институции се целосно заробени од хунтата.

„Судовите не одлучуваат по закон туку по волјата на Зоран Заев. Судството и другите институции на државата се киднапирани од хунтата со цел преку нив да се втерува страв кај народот, за истиот да се држи исплашен“, нагласуваат оттаму.

Од ВМРО-ДПМНЕ се децидни дека нама да дозволат газење на правната држава, која, како што велат, е основен симбол на секоја демократска држава и право на граѓаните.

Од опозициската партија бараат безусловно запирање на сите овие процеси на политички прогон, но и итно и безусловно стопирање на малтретирањата и изживувањата кои, според нив, ги прави СДСМ. Исто така, оттаму бараат итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со, како што наведуваат, политичкиот прогон.

Од ВМРО-ДПМНЕ воедно најавија дека и денес во знак на протест ќе извршат блокирање на крстосници во период од 15 до 17 часот. Тоа се крстосницата кај Мавровка, крстосницата помеѓу улиците „Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Карпош и крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.

ВМРО-ДПМНЕ денеска во 18 часот ќе организира и протест пред Министерството за правда, на улицата Димитрија Чуповски, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните.

Спонзорирано: