21.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Владата со потег кој не бил направен никогаш досега – Задолжени се сите министри да направат извештај за сите службени патувања за последните шест месеци!

Во согласност со начелото на владата за транспарентно и отчетно трошење на државните средства на денешната седница се донесе одлука со која се задолжија министрите, замениците на министри, државните секретари и генералниот секретар да достават информации за службените трошоци направени во рамките на предвидениот буџет во првите шест месеци од преземањето на функциите.

Праксата да се доставуваат службените трошоци во блиска иднина ќе се однесува и на сите останатите носители на јавни функции.

Со оваа одлука Владата на Република Македонија, го задолжи Секторот за односи со јавност во Владата на РМ, да изработи софтверско решение за прикажување и визуализација на службените трошоци и истото да го постави на официјалниот сајт на Владa на Република Македонија.

Спонзорирано: